Преговорите помеѓу Општина Охрид и ЕВН – ЕСМ, околу долгот на МЈП „Проаква“, ќе продолжат во Скопје, најави локалната самоуправа. До промена на планот дојде откако вчера претставниците на ЕВН не се појавија на најавената средба во Охрид.
Од локалната велат дека продолжението на преговорите за изнаоѓање решение за долгот на МЈП „Проаква“ на ЕВН од 1 милион евра, сега зависи од ЕВН. Општината е подготвена да ги соочи аргументите, но датумот и времето на одржувањето на средбата сега зависи од ЕВН, информираше локалната самоуправа.
На најавената средба треба да се изнајде решение за долгот на „Проаква“ кон ЕВН. Австриската компанија инсистира тој да биде сервисиран регуларно, додека локалната не отстапува од понудата долгот да биде искомпензиран за 15 трафостаници за кои општините Охрид и Струга тврдат дека се во нивна сопственост.
ohridnews