Двете голмански легенди, Икер Касиљас и Џиџи Буфон на Драгао стадионот на дулеот меѓу Порто – Јувентус во 1/8 финалето во Лигата на Шампион по 17-ти пат се сретнаат еден против друг.
Шпанецот и Италијанецот ривали се само 90-ет минути на теренот, но и тогаш се почитуваат како никои други во спортот воопшто. Пред секој нивни натпревар тие си подаруваат пофални зборови, а после завршување двете голмански легенди ги разменуваат дресовите и се прегрнуваат, нешто за кое зборува цела Европа.
– Јас и Џиџи имаме здраво и позитивно ривалство во кое победува фудбалот. Многу се цениме и секогаш со задоволство излегувам на теренот кога го гледам него на спротивниот гол. – рече Касиљас.
Чуварот на мрежата на Порто е поуспешен во дуелите со Буфон, но составот на Јувентус го совлада Порто на Драгао со 2-0 и ги отвори четвртфиналните врати во ЛШ.
OhridNews