Во Основното училиште „Св. Климент Охридски“, денес, вработените и учениците се придружија на интернационалната кампања под мотото „Прегрни ја реткоста!Прегрни за Гинис!“. Акцијата се спроведува како поддршка на заболените од ретки болести, а по повод 29. февруари Светскиот ден на ретки болести.
Училиштето денес беше исполнето со прегратки, насмевки и позитивна енергија помеѓу учениците, наставниците, хигиеничарите, управата и сите останати вработени кои се прегрнуваа во своите училници, на скалите, во холот и училишниот двор.
Со учество во оваа кампања, училиштето ја поттикнува емпатијата кај своите ученици за проблемите со кои се соочуваат заболените од ретките болести.
OhridNews