Поради замена на старите водоводни инсталации со нови на кружниот тек што се гради на пресекот на „Булевар Туристичка“ и улица „Јане Сандански“ денеска во период од 08:30 до 15:00 ќе има прекин на водоснабдувањето на неколку улици.
Прекин на водоснабдувањето ќе имаат жителите на улиците: „Славеј Планина“,„Димитар Влахов“, „Климент Охридски“, „Цар Самоил“, „ Коста Абраш“ и „Партизанска“.