Од ЕВН Македонија информираат дека утре, 18- ти ноември, од 9 до 12.30 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од општина Охридна : ОНЕ и Т- мобиле село Рамне (Глувчи дол), Нова Населба Рача, БС Макпетрол, Национален Парк, Мали Хидро Електрани 1, 2 и 3. Истиот ден од 9.30 до 16 часот без струја ќе останат и потрошувачите на дел од улица „Крали Марко “ , бул.„Железничка“ од „Винарска Визба“ до ресторан „Ловец“, ул.„Стив Наумов“ од ТС „Тумба“ до „Винарска Визба“.
Од компанијата потенцираат дека прекините се заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие делови од општината.
OhridNews