Од ЕВН Македонија информираат дека на 19- ти септември, четврток, од 13 до 15 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во Пештани, а од 9.30 до 17.30 на дел од улицата „Стив Наумов“, на потегот од улицата „8- ми март“ до Винарска визба.

Прекин во снабдувањето со струја ќе има и во Вевчани, Октиси и Лабуништа од 8.30 до 15.30 часот.

Од ЕВН објаснуваат дека прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените региони.

OhridNews