Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 10:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ со сите споредни улици, „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „Димитар Влахов” со сите споредни улици и долната зона од стариот дел на градот, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Посочуваат дека екипи на претпријарието се на терен до целосно завршување со интервенцијата.

OhridNews