Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев” (пукнат yличен шибер) прекин во водоснабдувањето кај корисниците од овој дел најавуват од ЈП Водовод Охрид.

Денес од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев”, вклучувајки ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата „Македонски Просветители” до Здружение на возачи, велат од претпријатието.

Додаваат дека екипи на претпријатието се на терен, до завршување на санацијата.

OhridNews