Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 13:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците „АСНОМ“, „Кеј Македонија“ и „Партизанска”, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.

OhridNews