Прекин во водоснабдувањето на „Кеј Македонија“ најавуваат од ЈП Водовод Охрид.

Поради приклучување на објект во водоводната мрежа, денес од 09:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Кеј Македонија“, велат од претпријатието.

Воедно информираат дека во периодот од 19ти до 25ти декември, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенирано било на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.

Отстранети биле дефекти во с. Лескоец (2 дефекти), на улиците „Стив Наумов“, „Кочо Рацин“, „Железничка“, „Кленоец“, „Христо Узунов“, „1-ва Мак.Ударна Бригада“, с. Трпејца и пумпна станица – Метропол.

OhridNews