Од страна на градежна компанија при вршење ископ за изградба на станбен објект во населбата Св.Стефан, скината е цевка и денес од 11:40 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Св.Стефан, на потегот од хотел Славија до хотел Гранит, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.

OhridNews