Поради настанат дефект на водоводната мрежа неколку часа без вода ќе бидат корисниците од с.Пештани, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.

Од претпријатието информираат и за прекин во водоснабдувањето до 10:30 часот кај корисниците на улицата “Прва Македонска ударна бригада” и на дел од улицата “Марко Цепенков”, поради интервенција на водоводната мрежа.

OhridNews