ЈП Водовод Охрид ги известува корисниците на улица „Дејан Војвода“ на потегот од крстосницата со ул.„Абас Емин“ до крстосницата со ул.„Стив Наумов“ дека денес во попладневните часови настанат е дефект.
При изведување на градежни активности скината е главната цевка од водоснабдителниот систем, но поради обилните врнежи и големата количина на вода отежнати се условите за работа на терен, така што прекинот на водоснабдувањето на истата може да трае неколку часа, информираат од ЈП Водовод Охрид.
OhridNews













