Прекин во водоснабдувањето на улицата „15-ти Корпус“ поради настанат дефект информираат од ЈП Водовод Охрид.

Поради настанат дефект – пукната цевка со профил ф110, денес од 16:00 часот без вода се корисниците на улицата „15ти Корпус“, на потегот од кружниот тек до бензиската „Макпетрол“, велат од претпријатието.

Додаваат дека екипи на ЈП Водовод Охрид се на терен, до завршување со санацијата.

OhridNews