Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес ,вторник, поради изведба на нов водоводен приклучок на улицата „Кочо Рацин“ ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од оваа улица до 11 часот.

Прекин во водоснабдувањето ќе има и на улицата Радојца Новичиќ поради настанат дефект на водоводна линија ф 90 мм. Екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот кој треба да биде саниран до 12 часот.

OhridNews