Денес, среда 15- ти јуни, на улиците Кочо Рацин, Браќа Миладиновци, Канео и дел од Кузман Капидан, ќе имаат прекин во снабдувањето со вода во период од 08-13 часот, соопшти МЈП „Проаква“.

Како што претходно информиравме, најавениот поголем прекин во водоснабдувањето во делови од градот,  најавен за вчера ќе се случи денеска во периодот од 24 часот до 16 часот.

Поради интервенција на водоводната мрежа, односно превземање активности пред почеток на летната сезона прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците Крали Марко, Железничка, Будва, Прилепска, Винковачка, 8-Ми Март, Стив Наумов, Бистрица, дел од Гоце Делчев, Јабланица, Аџи Мустафа, Ариф Мустафа, Трајче Трајчески, Сатеска , Мича Гилиќ, Васил Стефоски потегот према Авто камп Андон Дуков и населба Орман.

OhridNews