Поради интервенција на водоводната мрежа прекин во водоснабдувањето кај корисниците на улицата „Гоце Делчев“ најавуваат од ЈП Водовод Охрид.

Денес од 10:00 до 12:00 часот без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан, посочуваат од претпријатието.

OhridNews