Поради санација на два поголеми дефекти на водоводната мрежа, денес од 08:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „Крали Марко“, „Јабланица“, „Стив Наумов“, „Дејан Војвода“ и дел од „Туристичка“, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Прекин во водоснабдувањето поради сананација на другиот дефект ќе има во населбата Црногорци, а со послаб притисок ќе бидат корисниците од селата Лескоец и Лакочереј, додаваат од претпријатието.
OhridNews