Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Црногорци, а намален притисок ќе има во село Лескоец, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, посочуваат дека денес од 08:30 часот неколку часа без вода ќе бидат и корисниците на дел од улицата „Гоце Делчев”.

Поради компликации настанати при санацијата на дефектот на улицата „Гоце Делчев“, наместо до дрвара, неколкучасовен прекин во водоснабдувањето ќе има на целата улица до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан и дел од Бул.„Туристичка“ (плаво бели згради), велат од ЈП Водовод Охрид.

Екипи на претпријатието велат се на терен до целосно завршување со санацијата.

OhridNews