Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната цевка со профил ф160мм), денес од 12:00 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците од горната зона на стариот дел на градот, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Потенцираат дека екипа на претпријатието е на терен, до завршување на санацијата.

OhridNews