Ни малку очекуван крај имаше првата пријателската средба во Охрид за скопски Металруг , откако противникот на “зелените“ Смедерево при водство од 1-0 го напушти теренот во 42 минута по досудената најсторга казна за Металург.

Натпреварот кој беше борбен и возбудлив, беше отворен по половина час игра кога “сините“ преку Милосавлевиќ дојдоа во предност. Во финишот на првиот дел Илијоски беше соборен во казнетиот простор , а за главниот судија битолчанецот Крстевски тоа беше најстрога казна.


Гостите бурно реагираа на оваа одлука и по неколку минути размислување го напуштија теренот на “Билјанини Извори“.

– Нашиот противник направи крајно неспортски потег напуштајќи го теренот. Според мене пеналот беше “чист“ и заслужен, нашиот напаѓач Илиоски беше соборен во казнетиот простор. Натпреварот се до прекинot беше цврст и двата тима играа максимално ангажирано. – рече стратегот на “зелените “ Тасевски.


Стратегот на Смедерово беше незадоволен од односот на главниот судија Крстевски кој според него во текот на целиот мечи ги иритирал српските фудбалери.

– Од самиот старт тој со својот однос ги иритираше нашите играчи . Имаше низа стартови кои беа оштри но се одлучивме да го играме мечот се до моментот кога беше досуден пенал за Металург. Во овај период не` ние важен резултатот, но срамно е ваков судија кој бил интернационалец вака да го води мечот, посебно судиската организација не смее да го дозволи тоа – рече Драган Ѓорѓевиќ.


Металург утре ќе одигра тест средба со второлигашот Еуромилк, додека в сабота ќе спарингуват со куп освојувачот Тетекс, а во в недела ќе игра со Влазними во Струга.

фото Емилио
Ohridnews