Натпреварот помеѓу Охрид Лоте и Локомотива не го дочека својот крај, откако гостите при резултат 1-0 во 85 минута се повлекоа од теренот. Преставникот на Локомотива, Урош Матески се одлучи да ја повлече екипата и по пет минути чекање го извести главниот судија дека нема да го продолжат мечот.
Како причината за напуштањето на теренот гостите го наведоа барањето на докторска легитимација издадена од ФФМ. На лице место беше присутен доктор Јован Гиноски со лиценца за работа издадена од лекарската комора на Р. Македонија и физиотерапевтот Јонче Петан со лиценца од Кошаркарската федерација на Македонија.
Што се однесува до мечот, тој мина во подобра игра на гостите кои не реализираа серија прилки и не најдоа начин да го совладаат “човекот со сто раце“ голманот Капрически кој беше едноставно несовладлив.
Охриѓани до предност стигнаа во 15 минута кога Вељаноски одлично се снајде по додавањето на Јакупи и со одмерен удар по земја го совлада Мустафа. Гостите имаа и бројчана предност од 63 минута кога црвен картон заработи домашниот фудбалер Речкоски по ударот без топка врз Сулиман. Најблизу до израмнување скопјани беа во74 минута преку Додевски, но гредата беше сојузник на охридскиот голман.
Поранешни ракометарки од Струга повторно се вратија на терен и формираа ветерански тим на ЖРК „Стружанка” Дел од нив се и поранешни репрезентативки на Југославија и Македонија во ракомет Се собрале...
Во рамките на 10 коло од Прва лига мажи, екипата на ГКК Охрид ја пречекува екипата на КК Вардар од Скопје во натпревар кој ветува борба, енергија и врвна кошарка Дерби исполнето со ривалство, страс...
Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа во последниот натпревар пред паузата во првенството во Супер лигата Вечерва во Радовиш Охрид славеше над истоимениот домаќин 14:37 Во првенството сл...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.