Натпреварот од првата ракометна лига меѓу Охрид и Ринија не го дочека својот крај. Мечот беше прекинат во 33 минута, при резултат16-11 откако гостинските ракометари ја нападнаа судиската двојка од Кичево.

Првиот дел мина во изедначена игра, а за одбележување е црвениот картон за гостинскиот голман кој го фаулираше Андоноски во поле. По првите 30 минути на семафорот стоеше 14-11 за домаќините.


На стартот на вториот дел охриѓани по само две минути игра ја зголемија својата предност. По еден контранапад, интервенираше гостинскиот голман, а судијата ја прекина играта поради прекршок.

Голманот некоректно реагираше и за неговата реакција доби исклучување од две минути. Потоа повеќе гостински ракометари се нафрлија на судиската двојка и делегатот на мечот, по што мечот беше прекинат.


Дел од охридската публика реагираше на ваквиот однос на гостинските ракометари, но благодарение на интервенцијата на охридските ракометари и припадниците на МВР беше спречен поголем инцидент.

Ohridnews