Осминафиналниот натпревар меѓу Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон на гренд слем турнирот Вимболдон не го дочека крајот. Во петтиот сет мечот беше прекинат поради мрак на теренот и презекажан за вторник во 14 часот.
Андерсон перфектно го започна натпреварот добивајќи ги првите два сетови во „тај брејк“ со 7-6, 7-6. Рекетот број еден на ваквата игра одговори со два брзо добиени сетови (6-1, 6-4) за 2-2.
Петтиот и одлучувачкиот сет воопшто не започна, а со одлуката на играчите и судиите мечот беше прекинат и презакажан иако постоеше можност да се доигра на централниот терен.
Победникот од овој дуел во 1/4 финалето ќе се сретне со Марин Чилиќ кој за пласман меѓу осумте најдобри го совлада Американецот Иснер во пет сетови.
Ohridnews