Вториот полуфинален натпревар меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј на францускиот гренд слем турнир Роланд Гарос не го дочека својот крај откако беше прекинат поради врнежни од дожд.


Дуелот ќе се одигра в сабота, рекетот број еден Ѓоковиќ има предност од 2-1 во сетови, а резултатот во гемови во четвртиот сет е изедначен 3-3.

Најмногу на ваквиот расплет се радува финалистот Стен Вавринка, кој ќе има ден повеќе за одмор од противникот во финалето.

Швајцарецот во 1/2 финалето со 3-1 во сетови го совлада миленикот на француската публика Жо Филфред Цонга.

Мх.П.