Пресметката помеѓу големите ривали Рафа Надал и Новак Ѓоковиќ во 1/2 финалето на Вимболдон е прекината, откако двајцата тенисери ја пробија последната часовна бариера во прописите на најстариот грен слем турнир која стои на 23 часот (локално време).

Надал и Ѓоковиќ приредија три сета за уживање, исполнати со многу пресврти и возбудувања за сите тениски гурмани. Првиот сет му припадна на српскиот тенисер кој направи брејк во седмиот гем за водство 4-3. Потоа, ги искористи гемовите на свој сервис и поведе со 1-0.  После вториот сет бројките на семафорот се изедначија 1-1. Надал направи два брејка, а вториот при резултат 3-2 беше клучен за егал.

Третиот сет понуди се и сешто, а најдоброто се случуваше во тајбрејкот. Во текот на сетот до 6-6 никој од тенисерите не изгуби гем на свој сервис. Во тај брејкот Надал прокоцка три прилики за освојување на сетот, а Ѓоковиќ токму во третиот обид стигна до долгопосакуваниот пон кој значеше водство 2-1.

Победникот од второполуфиналниот дуел во големото финале ќе се судри со Кевин Андерсон кој во маратонски меч кој траеше цели седум часа го совлада Џон Иснер во три сетови.

OhridNews