Од градежното претпријатие „Илинден“-Струга информираат дека денес, од 11 до 15 часот ќе има прекини на сообраќајот во времетраење од 15 минути поради изведување на минерски работи на патниот правец Кичево-Охрид во делот помеѓу Пресека-Врбјани.
На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Од денес, 12-ти април, поради изведување на градежни работи изградба натпатник за тирз зоната Струга, на регионалниот патен правец А2 Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот.