Порака, шарени бои, љубопитност, детска фантазија, симбол… се само дел од особините на ремек делото „Љубопитно девојче“ кое е насликано на ѕид од сензорната соба во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид.

Муралот е направен во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен“, финансиран од ЕУ, спроведен од фондацијата „Чекор по чекор“, а целта е да се подигне јавната свест за еднаквост со различните.

Дваесет и еден метар квадратен се оплеменети со акварел од рацете на на уметникот Трајче Павлов.

Водата, детската љубопитна желба да се згазне во неа… Нејзината ладност или топлина врзуват во инклузија и емпатија за различните од нас. Да се наводениш, но ќе ги видиш нештата од другата страна. Секој различно гледа на различностите. – вели уметникот Павлов.

Муралот е подарок од „Халк Банка“.

OhridNews