Македонската поп дива Каролина Гочева, вчера вечер, на градскиот плоштад во Охрид одржа концерт во рамки на чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици. На присутните на исполнетиот плоштад таа им приреди двочасовно музичко уживање. Публиката заедно со Каролина ги пееше популарните рефрени од нејзиниот последен албум ”Македонско девојче 2”, а охриѓани ги почести со извонредна изведба на култната ‘Лихнида кајче веслаше.
Прекрасен претпразничен концерт на Каролина Гочева во Охрид
Г.М.
Фото: Емил Јовановиќ

















