Неколку фасади во Струга деновиве добија нов лик. Познати уметници од Македонија, кои беа дел од првиот Мурал фест што се одржа викендов, ги насликаа ѕидовите од неколку објекти на кои можат да се видат мурали со свежи и позитивни бои.
Како што истакна организаторот, ликовниот уметник и фотограф, Кристина Затуровска, целта на организирање на фестивалот беше да се привлечат младите телентирани уметници да бидат дел од една нова модерна историја на градот со тоа што малите тесни улички ќе се претворат во урбани и забавни со различни приказни.
За проектот беа ангажирани повеке уметници од Македонија кои изработија Мурали на различни локации во градот Струга. Во рамките на фестивалот, во паркот на поезијата се одржа и детска работилница.
Проектот е дел од “Нов културен бран” поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија.
OhridNews