Пријавата е поднесена против П.Р.(24) Д.С.(27) А.Ј.(30) и А.Ф.(30) сите од Охрид. Истите, на ден 20-ти Март оваа година, одкако видно се довеле под дејство на алкохол, во ноќниот клуб „Хавана„ започнале најнапред вербална расправија, која за кратко време прераснала во меѓусебна тепачка. Притоа, бил употребен и нож.
Околу 02 часот, прво и второ пријавените П.Р. и Д.С. пристигнале во ноќниот клуб каде на шанкот ги забележале трето и четврто пријавените А.Ј. и А.Ф. по што кон А.Ф. упатиле вербални закани дека ќе го убијат. Во истиот момент, настанало поголемо гласно вербално расправање во кое се вклучил и трето пријавениот А.Ј. а потоа и силна меѓусебна тепачка во која истиот ги нападнал првите двајца пријавени, удирајќи ги со раце и нозе по телото. Притоа, П.Р. извадил нож со кој на А.Ј. му нанел удар односно расекотина во пределот на десната надлактица.
Понатамошниот тек на нарушувањето е спречен со брза реакција на полициските службеници со што се избегнати потешки последици. Повредениот А.Ј. итно е пренесен во Општата болница во Охрид.
При службените преземања, учесниците во нарушувањето се обиделе активно да им се спротивстават на полициските службеници, но со рационална примена на полициските овластувања истите се приведени во СВР Охрид.