Поради постоење на основи на сомнение дека сториле прекршок согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, СВР Охрид, поднесе прекршочни пријави против две лица од Охрид.
    
Пријавените, вчера, во центарот на Охрид, вербално навредувале новинарка која следела случен настан и ја омаловажувале, по што едниот од нив упатувајќи и сериозни закани, физички ја нападнал со виткање на раката и туркање.
    
Пријавените биле приведени во СВР Охрид, каде бил извршен разговор и алкотестирање, при што кај двајцата било утврдено присуство на поголемо количество алкохол во крвта.

Пријавените лица и се добро познати на службата против кои и досега биле поднесувани соодветни пријави, соопшти СВР Охрид.

ЛДП го осуди инцидентот

ОО ЛДП е згрозена од несоодветниот третман  и притицоците со кои се  соочува  новинарската фела од  Охрид, веќе години наназад. Последно нешто што ја прелеа чашата, е нападот врз долгогодишенит новинар. За жал, ова е само едено од многуте лоши искуства на луѓето кои ја работат една од најризичните професии.

Со оглед на тоа дека сме вонпарламентарна партија која отсуствува од институциите на системот, не ни преостанува ништо дрго освен да повикаме на свесност кај надлежните ,со една единствена цел, а тоа заштита на  достоинство и угледот на новинарската професија.

Со ова соопштение, бараме  од институциите професионално да си ја завршат работата и максимално да застанат во одбрана на човековите слободи и права. Потенцираме дека не осудуваме никого, но време е работите кои се условно кажано „пот тепих“ да излезат на површина, а институциите да  го  докажат функционирањето на правото и правната држава.-се вели во реакцијата на ОО ЛДП Охрид.

OhridNews