Поради предизвикано нарушување на јавниот ред и мир со физички напад, по- лициската станица од Струга, против три лица од селото Велешта, поднесе прекршочна пријава.

На 30-ти минатиот месец , пријавените, во холот на средното  училиште „ Нико Нестор“, најнапред вербално а потоа и физички нападнале двајца ученици.

Притоа, тие им задале повеќе удари со раце и нозе по главата и останатите делови од телото, нанесувајќи им  телесни повреди.

Физичкиот напад се случил на вториот кат од средното училиште околу 14 часот. Претходно, пријавените се сретнале во близина на  средното училиште „Ибраим Темо“ по што едниот од нив им кажал дека имал нерасчистени односи со еден од учениците и дека морал да го реши проблемот од претходниот ден. Оттука,  тројцата пријавени влегле во средното училиште каде пред една од училни- ците на вториот кат го забележале ученикот и веднаш ја започнале караницата. Набрзо почнале да го влечат за облеката и да го удираат со тупаници.

Во физичката пресметка, бил нападнат и другиот ученик кој сакал да  ги раздели и да го оттргне нападнатиот соученик.  

OhridNews