На теренот на ФК „Караорман” во Струга во Фудбалската Федерација на Македонија организираше Грасрут – настан на кој учество зедоа околу 180 фудбалери од неколку фудбалски клубови кои земаа учество во фудбалски камп во Струга.


На грасрут- настанот за сите учесници ФФМ обезбеди комплет спортски гаќички и маички како и дипломи за учество.


Настанот помина во одлична атмосфера и учесниците имаа можност своите фудбалски вештини да ги покажат на десет различни фудбалски полигони како и да споделат прекрасни заеднички фудбалски мигови.

“извор ФФМ“
Ohridnews