Со пумпи преку алтернативни начини се полнат базените за вода со цел непрекинато водоснабдување на Струга и околината со квалитетна вода за пиење, вели директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Дашмир Насуфи.

Свеста кај граѓаните, вели се уште не е на посакуваното ниво, водата од градскиот водовод се користи за наводнување паркови, бавчи и разладување на дворовите.
Рестрикции има во ноќните часови, а резултати даваат и секојдневните контроли на терен од страна на комунални инспектори и претставници од месните заедници, со цел котролирано трошење на водата од градскиот водовод во Струга и населените места, вели Насуфи.
Според него, над 100 корисници, биле затекнати при злоупотреба на водата од градскиот водовод, по што писмено се предупредени, а десетина биле фатени по втор пат со истиот прекршок и против нив се очекува да биде поднесена тужба. Согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води предвидена е казна до 3.000 евра и исклучување од водоводна мрежа
Граѓаните рационално да ја користат водата за пиење и да не ја злоупотребуваат со цел намалување на проблемите со водоснабдувањето во текот на летната сезона, апелира Насуфи.
OhridNews











