Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 10 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.
Според најавите, сончево време со мала до умерена облачност не очекува и во наредните три дена. Утринските температури ќе се движат во интервал од -4 до 6, а дневните од 9-17 степени.
OhridNews