Првите три дена од наредната седмица времето во Охрид ќе биде претежно сончево и топло со температури до 11 степени целзиусови. Благо опаѓање на дневната температура ќе има од четврток и таа ќе се движи од  7 до 9 степени.

За разлика од преку ден, во вечерните часови ќе биде студено при што температурата ќе биде од -1 до 1 степен, а особено ладно ќе биде за време на викендот кога се очекува вечерните температури да се намалат до -7.

OhridNews