Наплатени поголеми трошоци, поголеми камати, земање еден износ на пари, а враќање многу поголем во делот на финансиските услуги, проблеми со повлечени пари од странство, неодобрени трансакции, процесите како и дали тие средства ќе им бидат вратени во делот на банкарството, како и наплататата на поскапи полиси за авто одговорност во делот на осигурувањето се најчестите проблеми во поглед на финансиските измами кои ги пријавиле потрошувачите во Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ).


Платформата на потрошувачот му дава можност да остави лични податоци, да обележи каква поплака сака да поднесе, да обележи за која банка станува збор ако има проблем со банката, да го опише проблемот и да ги прикачи сите потребни документи кои на нас ни се потребни како организација за да го разгледаме практично проблемот со нашата група за финансиски услуги. Откако ќе го примиме проблемот ние го разгледуваме и се обидуваме да му помогне на потрошувачот во комуникација со банките, штедилниците, финансиските друштва или да го упатиме во некој од регулаторите. Ако не успееме да го решиме проблемот со самите даватели на услуги во тој случај ако се банки и штедилници се упатува проблемот до Народна банка, ако е финансиско друштво има надлежност Министерството за финансии, ако се осигурителни компании тогаш е Агенцијата за супервизија на осигурувањето кои конкретно можат да преземат чекори за решавање на проблемот и на крај останува судската постапка како последен чекор, посочува Тасевска.

Во тој период имаме за задача да ја унапредиме законската рамка со влијание врз донесување на Законот за претставнички тужби односно новата директива да ја пренесеме во македонското законодавство која се однесува на колективна заштита на правата на потрошувачи. Ние како Организација добивме овластување и овластено тело сме за застапување на колективни интереси на потрошувачите врз основа на старата директива од 2009 година, која е пренесена во Законот за заштита на потрошувачи, вели Лончар Велкова.

Очекуваме дека ќе биде направена и промената на Законот за парнична постапка откако ќе помине во Собрание и дека таму ќе биде донесен овој закон за да имаме можности да поведуваме колективни тужби. Се работи за обештетување на потрошувачите кога нивните права масовни се оштетени од страна на поедини трговци како што делот во финансиските услуги.
Лончар Велкова ја посочува постапката која ја имаат покренато во неодамнешниот случај со поскапувањето на авто осигурувањето.
Во случајот со осигурителните компании кои ги зголемија цените за задолжително авто осигурување сметавме дека тоа е една од можностите ние да се вклучиме. Упативме барање до Агенција за супервизија, собиравме податоци, луѓето не подржаа, отворивме платформа каде се пријавува и сега тоа е во тек. Детектиравме и дека финансиските друштва даваат за брзите кредити опомени кои ги наплаќаат што е спротивно со член 36 од Законот за заштита на потрошувачи. Сме во комуникација со Министерство за финансии и ако треба ќе поведеме и судска постапка за забрана за вакво делување, додава Лончар Велкова.
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска













