Дуалното образование нуди голема можност во битката за обезбедување стручнен кадар согласно потребите кои компаниите ги имаат, како по вид, така и по број. Од друга страна станува збор за вид на образование кое прави рамнотежа помеѓу теоретското и практичното знаење, односно во една многу рана фаза, можност учениците да се здобијат со индустриска култура, работни навики, но и не помалку важно работна етика, која и тоа како ќе им биде потребна вели Виктор Дојчиноски, директор за човечки ресурси во „Костал Македонија“.
Четврта година по ред учествуваме во овој проект и во моментот околу 40 ученика во различни генерации доаѓаат на практична настава. Искуството говори дека многу е направено во овој поглед, но и многу треба да се направи од страна на сите чинители, тука мислам за институциите на државата и образовните институции, но и компаниите. Потребна е далеку поголема флексибилност од страна на државните институции во креирањето на програмите. Кога станува пак збор за училиштата, далеку поактивниот однос на професорите кои предаваат стручни предмети и тие кои се задолжени со стручната пракса да бидат присутни кога учениците ја посетуваат праксата и како последно, но не и помалку важно, компаниите треба и мораат да им дадат уште поголема шанса на овие ученици, а од друга страна да ги стават и навистина пред предизвици, да ги вклопат во производниот процес на начин на кој учениците би извлекле бенефит од нивното инволвирање таму, додава Дојчиноски.
Дуалното образование е можост за привлекување на младите пред се по завршување на средното образование да дојдат во нашата компанија. Придобивката е што веќе во текот на нивното образование би ги припремиле како наши идни вработени лица, така што би го избегнале оној период на прилагодување на начинот на производство кој се обавува во нашата компанија, вели Владо Пуцоски, ментор за програмата на дуално образование во ЛТХ Леарница.
Со тоа би имале поквалитетен и подготвен кадар веднаш да почне со вклучување во процесот на произвоство. Досегашното образование тоа не го нудеше, односно го нудеше во вид на пракса, каде учениците доаѓаа во фирмите две до три недели максимум, се запознаваа со процесите и обработките, но не беа фокусирани дирекно на процесот на произвоство и усовршување на вештните. Со дуалното образование има посебна програма која е наменски направена учениците во текот на одвивањето на пракичната настава, преку цела година да стекнат вештини, знаења и способности кои ќе им помагаат и во текот на нивното идно образование, доколу продолжат во високообразованите институции, а секако ќе им биде од многу голема помош доколку изберат да работат во некоја од компаниите. Сите и фирмите и учениците имаат заеднички бенефит од дуалното образование. Трета година сме вклучени во дуалното образование и вкупо 30 ученици доаѓаат на пракса преку цела недела. Се трудиме што можеме повеќе да им ги ги пренесеме знаењата и вештините, со што би им го олеснале образованието во средното и понатаму во високото образование, додава Пуцоски.
Н.С.Ј.













