Од  утре до 20- ти септември, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се прикажуваат македонски документарни филмови  за Охрид.

Љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да ги проследат филмовите: „ Охридско езеро“ снимен во 1958 година во режија на Денеш Ото, за природните убавини на Охридското Езеро, стариот град и чаршијата со старата архитектура и археолошките наоди во Охрид.

Филмот  „ 12- те од папрадник“ од 1965 година во режија на Димитрие Османли за дванаесетте тукушто завршени учителки од Охрид кои доаѓаат во селото Папрадник, во Западна Македонија, во дебарскиот крај, за да им го пренесат своето знаење на учениците, како и филмот „ Охридски трубадури“ снимен во 2005 година во режија на Атанас Чупоски, приказната за трубадурите во Охрид, за Климе Садило и неговиот такам, за историјата на охридската чалгија, за Охрид во ЏЏ век, за езерото, за боемите, за серенадите.

Почеток на проекциите  е во 20 часот, влезот е 60 денари.

OhridNews