На првата мултикултурна манифестација „Македонија наш дом“, што синоќа се одржа во Драмскиот театар Скопје под покровителство на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, учество зеде и КУД Пирамида кое работи при Здружението на балканските Египќани во Македонија.

Со автентични ора на Египќаните од Охридско-струшкиот регион КУД Пирамида презентира дел од културното богатство на Египќаните во РМ.

На манифестацијата со свои културно уметнички перформанси учество зедоа 13 етнички заедници од Македонија. Покрај заедницата на Египќаните се претставија и Македонската, Албанската,Турската, Српската ,Ромската ,Влашката, Бошњачката, Хрватската, Црногорската, Руската, Унгарската и Торбешката заедница.

На манифестација пригодни обраќања имаа директорката на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Весна Бабиќ Петровски, заменик министерот за култура Драган Неделковиќ и Ралф Брет шеф на Мисијата на Обсе во Скопје. 

OhridNews