На 16.10.2012 година, откако лице од Кичево на интернет портал прочитало оглас дека во центарот на Охрид се издава соба, стапило во контакт со пријавениот, кој му кажал на неговата жиро сметка да уплати капар од 3.000 денари за сместување.
По уплата на бараниот износ, кичевчанецот дошол во Охрид, а на посочената адреса затеканал стара руинирана куќа, по што сфатил дека е измамен.