Во образовниот центар „Абакус“ започнаа јазичните работилници за најмладите по германски јазик.
Секој петок од 17.30 учениците преку игра и забава го изучуваат германскиот јазик. „На тој начин до израз доаѓа креативноста на децата.“ – велат од „Абакус“.
Цената за еден час кој трае 90 минути изнесува 100 денари. Часот се одржува во петок во периодот од 17.30 до 19 часот. „Дојдете да го изучуваме германскиот јазик и да се забавуваме.“ – порачуваат од „Абакус“.
Повеќе информации за едукативните програми на образовниот центар „Абакус“ може да најдете на следниот линк.
OhridNews