Со организација на серија обуки на давателите на услуги во туристичко – угостителскиот сектор ќе се подигнува квалитетот на сервисот и услугите во туристичко- угостителскиот сектор во Охрид.
Програмата за развој на туризмот на општина Охрид за 2015 предвидува преку обуките да се изврши стручно усовршување на одредени квалификации во однос на видот и начинот на давање на услуги во туристичкиот и угостителскиот сектор како што е приготвувањето и послужувањето на храна, бон тон во угостителството, промоција и маркетинг на услугите и слично.
Овие обуки ќе се организираат во соработка со Факултетот за Туризам и Угостителство, како и со други институции кои се специјализирани за оваа област. Видот и типот на обуките ќе биде согласно потребите утврдени од анкетните истражувања на приватниот сектор реализирани во 2014 година.
OhridNews