Општина Охрид, преку Секторот за ТЛЕР, четврта година во континуитет ангажира невработени лица преку програмата „Општинско- корисна работа“. Активностите се дел од поголемиот проект за оддржливи вработувања и се спроведува со поддршка на Владата на Македонија и УНДП.
Согласно тоа, пет воспитувачи и пет негователки го започнаа својот шестмесечен работен ангажман во детската градинака ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, со цел посоодветно и поефикасно спроведување на воспитно образовниот процес на децата од претшколска восзраст.
Со оваа програма се овозможува ангажирање со скратено работно време на долгорочно невработените лица од социјално ранливи категории, кои од една страна ќе имаат можност да се стекнат со дополнителни вештини и компетенции, а од друга страна дечињата ќе имаат можност за дополнителна едукација и правилен психофизички развој.
OhridNews












