Преку проектот за мониторинг и управување СКАДА (SCADA) систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи ќе се подобува системот за водоснабдување во градот. Советниците на денешната одржана трета седница ја усвоија Програмата ЈГ за дополнување на програмата за изградба на системи за водоснабдување за 2025 година подпрограма ЈГЦ.

Се работи за изработка на комплетен ГИС систем (географски информативен систем) со кој во секое време секој жител и секоја служба во општината ќе има можност да утврди на кое место, која линија од водоводот се наоѓа, посочи Тони Иваноски, раководител на Секторот за комунални дејности.
ГИС е само дел од СКАДА, а покрај другото, содржи и електронско управување на системот со читање на потрошената вода на неколку контролни места во градот. Начин на кој Водовод брзо би доаѓал до информација за настанатите дефекти, и покрај тоа што информација добива за дефектите, со овој систем ќе може да добие информација и за загуба на вода, во однос на пукната цевка која не се гледа, по однос на крадење од потрушувачи на вода и слично, рече Иваноски.
За овој проект Општината доби финансиска поддршка на вториот владин повик за општините за реализација на инфраструктурни проекти.
Во Охрид колку што направивме анализа има 224 км примарна и секундарна водоводна мрежа, и ако милион евра ги поделиме со тие 224 илијади метра, ќе видиме дека доаѓаме до некоја цена која за ГИС системи и СКАДА системи е подпросечната, потенцираше Иваноски.
Воедно, посочи дека во иднина на Охрид ќе му треба ваков систем и за колекторскиот систем, за канализацијата и за сите локални патишта.
Н.С.Ј.












