Порака Нова – Струга отвори нов фото конкурс на тема „Преку разгледница до инклузија“ –фотографии од Охрид и Струга и УНЕСКО регионот со цел афирамција на овие значајни дестинации во нашата земја, а и придонес на самите фотографи кон една позитивна мисија, поддршка на лицата со попречност.

Нашите заложби за поголема инклузија на лицата со попреченост, повеќе можнности за истите да креираат самостоен живот и да заработуваат сакаме да ги пресликаме во скоро сите активности кои ги имплементираме, па таков е и овој фото конкурс. Сите фото ентузијасти (професионалци или аматери) може да се приклучат и да учествуваат на оваа позитивна мисија и уникатен фото конкурс каде преку свои фоторафии од Охридско – струшкиот регион ќе придонесете кон подобрување на инклузијата и животот на лицата со попречености, велат од Порака Нова – Струга.

Избраните фоторафии, додаваат, ќе бидат направени во разгледници, кои потоа ќе бидат продавани од лицата со попречености чија заработка ќе им помогне во нивниот самостоен живот, самовработување и социјализација.

Најдобрите 15 фотографии ќе бидат избрани за да се испечатат во форма на разгледници. Авторите на истите ќе добиваат 10% од секоја продадена разгледница и ќе бидат исплаќани на месечно ниво. Сите права и обврски ќе бидат регулирани со посебни договори со избраните фотографи по направената селекцијата. Нивното име, бренд/лого, вебсајт, ќе бидат додадени на задната страна на разгледницата. Преку целиот процес, фотографите и нивниот бренд ќе бидат промовирани преку кампањата за продажба, потенцираат.

Селекцијата, додаваат, ќе ја прави стружно жири, а фото конкурсот е отворен до 15 мај 2024. Повеќе информации за повикот на линкот.

OhridNews