Македонската ракометна репрезентација во jунскиот бараж за ЕП 2008 година во Норвешка за противник ќе ја има селекцијата на Словенија, одлучено е на ждребот кој вчера се одржа во Виена.

Словенија ке биде домаќин на првиот натпревар кој е на распоред на 9 или 10 Јуни, а ние ќе бидеме домаќини на реваншот кој се игра 7 дена подоцна.

Во останатите бараж мечеви ке играат:

Полска – Холандија,

Литванија – Унгарија ,

Украина – Словачка ,

Србија – Исланд ,

Летонија – Чешка ,

Белорусија – Швајцарија ,

Шведска – Романија и

Португалија – Црна Гора

Пласман на ЕП обезбедија домаќинот Норвешка како и 6-те најдобро пласирани екипи од претходниот шампионат кој минатата година се играше во Швајцарија. Тоа се Франција (актуелен шампион) Шпанија, Данска , Хрватска , Германија и Русија  .

ЕП ќе се игра од 17 до 27 Јануари 2008 .

Мирко Постолоски