
– Би сакал да информирам дека заклучно со денес преку реализиција на мерката за вработување на млади до 29 години за ослободување на социјални придонеси и персонален данок до сега од месец март 2014 година, за 10 месеци се вработени 6126 млади што е навистина голем успех за самата мерка која што беше е насочена на олеснување на отворањето на работни места пред се за младите лица во нашата држава и надминување на најголемиот предизвик со кој што се соочуваме.Можам да кажам дека оваа мерка која што е системски, која што е дел од законските решенија кои што ги донесовме како влада во март 2014 година, вродува и дава големи резултати и продолжуваме да реализираме и во 2015 година заклучно со средината на март 2016, кога и практично ќе заврши реализацијата на оваа мерка”, рече Спасов.
Тој посочи дека ги поттикнува сите работодавачи да се вклучат во искористувањето на дадените поволности кои се значително ослободување од социјални приднонеси и на данок во висина од 37% цели 12 месеци, со обврска да ги задржат младите на работа дополнителни 12 месеци.
OhridNews











