Малата Емилија Попеска од Вевчани поради предвремено раѓање била сместена во инкубатор, каде претрпела оштетување на видот. Преземени се одредени медицински зафати надвор од Македонија но за да може повторно да гледа потребни се уште неколку интервенции, а со тоа и финансиски средства.
Нејзините родители и Црвениот Крст на Струга апелираат за помош. По тој повод, на 14 декември во повеќето кафе барови низ градот (Албум, Грифон, Туламур и Ерато) ќе се одржи хуманитарна вечер со влезница од 50 денари. Организаторите апелираат до хуманите граѓани да ја поддржат акцијата за помош на малата Емилија.
OhridNews